МЕНАЏМЕНТ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

 

Двегодишни студии на англиски јазик

 

Студиската програма Менаџмент на одржлив развој во туризмот, на англиски јазик е од втор циклус магистерски академски студии. Според националната рамка на високообразовните квалификации припаѓа на втор циклус на студии - магистерски академски студии - 120 кредити VIIA. Студиската програма Менаџмент на одржлив развој во туризмот, втор циклус студии, на англиски јазик, на ФТУ - Охрид е со времетраење од 2 (две) години со 4 (четири) семестри. За успешно завршување на вториот циклус магистерски академски студии на насоката Менаџмент на одржлив развој во туризмот, на англиски јазик, студентите треба да се стекнат со 120 (сто и дваесет) ЕКТС кредити. На втор циклус студии може да се запише лице кое завршило прв циклус студии, односно додипломски студии и ги исполнува условите предвидени со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии и Конкурсот за упис. На втор циклус академски студии не може да се запише лице со завршен прв циклус стручни студии. Запишаните кандидати треба да бидат подготвени да следат настава и да полагаат на англиски јазик, а реализацијата на наставата на англиски јазик ќе биде во согласност со членот 68 од Правилникот за за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии Со завршувањето на академските студии од вториот циклус, односно со постигнување 300 кредити студентите магистрираат и се стекнуваат со звање Магистер по менаџмент на одржлив развој во туризмот (МА in sustainable tourism management).

 

СТУДИСКА ПРОГРАМА МЕНАЏМЕНТ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ 4 ГОДИШНИ СТУДИИ КРАТОК ОПИС

 

ЕЛАБОРАТ МЕНАЏМЕНТ ВО УСЛУЖЕН СЕКТОР

 

 

MON
Tempus
Erasmus
   
Loading