АКРЕДИТАЦИИ
 

Проф. д-р Јаготка Стрезоска

раководител на центарот за научно истражувачка

 

 

 

 

ЦЕНТАР ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА

 

Денес, кога станува збор за високото образование, научно-истражувачката работа претставува основна компонента и врвен приоритет во образовниот процес. Улогата на науката е важна на национално и на интернационално ниво. Современите процеси во сферата на науката и образованието се воодени од предизвикот на глобално интегрирање и соработка како основа на успехот.

 

Факултетот за туризам и угостистелство (ФТУ) - Охрид е потполно подготвен да се ангажира во поинтензивна меѓународна соработка со високообразовните институции во рамките на голем број меѓународни програми и други иницијативи.

ФТУ ја поттикнува, информира и поддржува академската заедница на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО)  во напорите за градење компатибилност со европскиот  модел на универзитет, посебно следејќи ги Болоњските принципи и цели:

 

 
  • Едукација на стручниот кадар во меѓународен контекст. За таа цел ФТУ се труди  да се приближимe со нашите универзитетски структури и да одговориме на европските и светските барања
  • Меѓународна размена и партнерство и придобивање на највисоките достигнувања во високото образование,
  • Едукација на врвни стручни и научни работници,
  • Размена на искуства на наставниот кадар и надополнување на наставните програми,
  • Спроведување на теоријата во практичното работење,
  • Заедничко учество на проекти и организирање на меѓународни конгреси и симпозиуми.

Во рамките на Центарот за научно-истражувачка работа (ЦНИР) се поврзуваат и вклучуваат активностите на факултетот ориентирани кон научни истражувања, квалификација и советувања од областа на туризмот, хотелиерството, царината и шпедицијата, осигурувањенто, безбедноста и финансиската контрола и гастрономијата, исхраната и диететиката. Голема вредност се полага на независноста во истражувањето и доближување до праксата. Затоа, суштинската компонента на новата стратешка ориентација на ЦНИР претставува јасната определба за остварување на зголемен степен на отвореност, комуникација и поврзување со домашни и странски  универзитети и реализација на соработка со зголемена динамика и интензитет во наредниот период.

Денес, во работата на ЦНИР учествуваат сите вработени на ФТУ, кои имаат амбиција за научно-истражувачка работа, наставниот кадар, соработничкиот кадар и студентите додипломци, а особено постдипломците и докторантите.

ЦНИР има за цел во наредниот период да воспостави поголема соработка и да анимира што е можно поголем број на студенти и да се вклучи во програмите на меѓународните проекти како Erasmus Mundus External Cooperation Window, односно во проектот BASILEUS, како и други проекти кои влегуваат во рамките на европските програми за образование и истражување, како што се: TEMPUS, FP6, FP7, INTERREG, CEEPUS, DAAD и други.

Во врска воспоcтавување институционални форми за развој на научно-истражувачката работа на ниво на Универзитет, ЦНИР изготвува програми за развој и реализација на научно-истражувачката работа. Во оваа насока ЦНИР во Охрид има оптимистичка визија  и наскоро го гледа ФТУ преку Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола како развиен меѓународен универзитетски центар за едукација, наука и истражување преку интензивно спроведување на следниве задачи:

 
          • Воспоставување и развој на систем за зголемување на бројот на пријавени и реализирани научно-истражувачки  проекти
          • Организирање  конгреси, конференции, семинари и стручни средби
          • Воспоставување систем за информирање и дисеминација на резултатите од научно-истражувачката работа
          • Воспоставување и развој на систем за вклучување на студентите во научно-истражувачката работа

Вкупниот преглед на постигнатите резултати што ги остварува ЦНИР со своите членови  како извонредно квалитетен и амбициозен кадар, кој особено се истакнува на полето на издавачката дејност, учеството на конгреси, симпозиуми, конференции со меѓународен карактер, проектната соработка, мобилноста, меѓусебната соработка и почитување, покажува дека ФТУ е поставен на добри основи и работи извонредно со тенденција за уште побрз и покомплетен развој.

 

 

Раководител на ЦНИР:

Проф. Д-р. Јаготка Стрезовска

  

 

 

НОВОСТИ
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” - БИТОЛА објавува КОНКУРС ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за академската 2014/2015 година
Се објавува дополнителен Конкурс во рамките на ЕРАЗМУС Програмата за аплицирање за мобилност на студенти, којашто може да биде реализирана исклучително во текот на летниот семестар од академската 2013/2014. Повикот е отворен до 15 октомври 2013. Повеќе...
ЕРАЗМУС ПРЕЗЕНТАЦИЈА 22.04.2014
Доделување стипендии од Република Турција за истражување
Fourth Training Session (TS 4)
September 30-October 2, 2013

 

GERMAN-MACEDONIAN TRAINING PROGRAM AND
NETWORK ‛SUSTAINABLE TOURISM’ FOR SME IN THE
TOURISM SECTOR, ACADEMICS AND OTHER PROMOTERS

 

 

 

Во рамките на ЕРАЗМУС - програмата за мобилност на студенти и академски кадар, Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола објавува КОНКУРС за стипендии за студентска и академска мобилност за Академска 2013/2014 година. Краен рок за аплицирање: 21 јуни 2013

 

Oбјавен е третиот повик за ИПА Програмата за прекугранична соработка со Р. Македонија и Р. Грција 2007-2013 Kраен рок за поднесување на предлозите е 23.08.2013 година, 14.00 часот. За проектните предлози од двете земји партнери, под овој повик се достапни финансиски средства во износ од 7.514.217,00 евра.

 

Подетални информации:

 

http://www.ipa-cbc-programme.eu/calls-for-proposals/10-calls/52-3rd-call-for-proposals-for-all-priority-axes

 

ПРОЕКТ „ОДБЕРЕТЕ УСПЕХ СО НЛП!“
НЛП РАБОТИЛНИЦА ВО ОХРИД!

Објавен е вториот повик за ИПА Програмата за прекугранична соработка со Р.Македонија и Р.Грција 2007-2013

-------------------------------------

ПРАВИЛНИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

 

 

Повици за пријавување на подготвителни посети, за студентска мобилност и за мобилност на акaдемски кадар за академската 2013/2014 год. во рамките на програмата ЕРАЗМУС

 

GERMAN-MACEDONIAN TRAINING PROGRAM AND NETWORK ‛SUSTAINABLE TOURISM’ FOR SME IN THE TOURISM SECTOR, ACADEMICS AND OTHER PROMOTERS

Едномесечни истражувачки престои на универзитети во Австрија

Отворен е повик за стипендирање млади истражувачи за реализирање едномесечна мобилност на некој од австриските универзитети во контекст на нивните мастер или докторски работи.
Детални информации и пристап до апликациониот формулар на веб-страницата на World University Service (WUS) – Austria:

 

German-Macedonian Training Program and Network ‘Sustainable Tourism’ for SME in the Tourism Sector, Academics and other Promotors

Стипендии на Германска Сојузна Фондација за животна средина

Германската Сојузна фондација за животна средина доделува 60 стипендии наменети за млади научници од Средна и Источна Европа. Програмата нуди научен престој на стипендистите во германски институции, со што младите истражувачи ќе се стекнат со дополнителни квалификации, но исто така ќе имаат можност да работат на веќе започнатите дисертации и сл. 
Подетални информации и on-line апликација на сл.адреса:

 http://www.dbu.de
/index.php?menuecms=1463

Карен рок за аплицирање: 15.07.2012 г.

- Конкурс
за аплицирање за стипендии во рамките на Еразмус програмата за академската 2012/2013.

ВАЖНО! ПОВИК ДО СИТЕ СТУДЕНТИ НА УКЛО!
Заинтересирајте се за можноста да аплицирате за мобилност во рамките на ERASMUS LLP

- Конкурс за запишување студенти на втор циклус универзитетски студии (постдипломски) во акдемската 2010/2011 година