Почетоците на Вишата угостителско-туристичка школа

 

Решение за формирање на школата

 

Вишата угостителско-туристичка школа во Охрид, се формира со Одлука на Здруженото угостителско-туристичко стопанство на СРМ. Оваа школа е единствена Виша школа во Македонија која имаше за цел едуцирање на стручни кадри од областа на угостителството и туризмот и единствена Високошколска институција во Охрид, од која покасно израсна и Факултетот за туризам и угостителство - во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола.

Одлуката за формирање на школата е донесена пролетта 1970 година, а наставата започнала во ноември, учебната 1970/71 година.

 

По донесувањето на одлуката за формирањето на Вишата угостителско-туристичка школа се формира Матична комисија која имаше задача дефинитивно да го конципира наставниот план на школата и да распише конкурс за избор на наставен кадар.

 

Матичната комисија ја сочинувале следните членови:

 

    • Инж. Никола Горичан - Претседател на Комитетот за туризам и угостителство на СРМ;
    • Проф. Бранко Бунташески - професор при Педагошката академија - Битола;
    • Проф. д-р Никола Давидовиќ - професор на Економскиот факултет во Скопје;
    • Проф. д-р Митко Панов - професор на Природно - матема-тичкиот факултет во Скопје;
    • Проф. Никола Василевски - Помошник - секретар на Репу-бличкиот секретаријат за образование и наука и
    • Дипл. економист Ангеле Ќосески - Генерален директор на „Палас"-Охрид.
 

Матичната комисија, откако го утврдила наставниот план на школата, распишала конкурс за избор на редовни и хонорарни наставници со звање предавачи или професори на Вишата школа.

Врз основа на пристигнатите стручни мислења на Рецензентските комисии, Матичната комисија од пријавените кандидати ги избрала подолу наведените наставници, кои го создале јадрото на наставниот кадар на Школата.

После изборот на првите наставници, Вишата угостителско-туристичка школа се конституирала како високообразовна институција и започнала со настава на 07.11.1970 година. Во текот на 1971 и 1972 година, колективот се комплетира со наставници, административни и технички лица, па така, кон крајот на 1972 година брои 18 наставници, од кои 9 во редовен и 9 во хонорарен работен однос и 5 работници во секретаријатот на школата, или вкупно 23 лица.

Во прилог го презентираме списокот на вработените по работни места на крајот на 1972 година:

 

Наставници на Вишата угостителско-туристичка школа

во 1970-1972 година

  1. Бранко Бунташески-   Психологија на личноста и меѓучовечки односи
  2. Коста Нанчоски-   Политичка економија и економика на СФРЈ
  3. Атанас Шеќероски-  Математика за економисти
  4. Васе Кичеец-   Стопанско трудово право
  5. Јордан Митрески-   Основи на книговодство со финасиско работење
  6. Марија Цветкова-  Англиски јазик
  7. Јован Алаѓозоски-   Германски јазик
  8. Атанас Иваноски-    Работа на угостителските претпријатија за исхрана и      точење пијалок, хотелско работење и статистика
  9. Голаб Чингоски-  Економика и организација на туризмот, Истражување на туристичкиот пазар и пропаганда и Патнички агенции

 

Надворешни соработници

  1. Никола Бошале                     Основи на науката за општеството, социологија на туризмот
  2. Душан Нејков                       Економика и организација на угостителството
  3. Д-р Митко Панов                 Туристичка географија со основи на туризмот
  4. Цветан Грозданов                Историја на културата и уметноста
  5. Пантелеј Митков                  Изградба, уредување и опрема на угостителските објекти
  6. Љубомир Цветков               Познавање на стоката со наука за исхрана
  7. Илија Кантарџиев                 Основи на угостителско услужување
  8. Драган Матески                   Основи на угостителско готварство
  9. Томо Фиданоски                  Основи на народната одбрана

 

 

Работници во секретаријатот на школата:

    • Трајан Љаткоски-                      Секретар;
    • Мирјана Сидор-                        Книговодител - благајник;
    • Нада Ќосеска-                            Библиотекар - архивар;
    • Драгица Голабоска-                 Чистач - курир;
    • Ристо Кафтаноски-                   Чистач - курир.

     

 

Повеќе информации можете да прочитате тука

 

MON
Tempus
Erasmus