Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола

Факултет за туризам и угостителство - Охрид

XII МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УСЛУЖЕН СЕКТОР

Охрид, 3-5 Октомври 2013

 

Факултетот за туризам и угостителство од Охрид со задоволство Ве поканува на XII Меѓународна научна конференција за услужниот сектор што ќе се оддржи во Охрид од 3 до 5 Октомври, 2013 година. Целта на оваа конференција е да се стимулираат отворени дискусии помеѓу експертите, професионалците, истражувачите и академскиот кадар за различни аспекти од развојот на услужниот сектор. Учесниците може да поднесуваат оригинални и прегледни научни трудови што се однесуваат на главната тема на конференцијата или на одделните тематски подрачја поврзани со туризмот и угостителството, осигурувањето, царината, шпедицијата и финансиските услуги. 

 

ТЕМАТСКИ ПОДРАЧЈА

Туризмот во 21-от век

Одржлив развој во угостителската индустрија

Осигурувањето во земјите во развој

Царината и шпедицијата и интеграциските процеси

Инвестициите и финaнсиските ефекти

 

Туризмот во 21-от век

Современиот туризам се соочува со бројни предизвици кои го привлекуваат вниманието и поттикнуваат дискусии меѓу експертите, практичарите, истражувачите, академијата и студентите. Кои се перспективите за идниот развој на туризмот и какви резултати треба да се очекуваат претставуваат две најчесто поставувани прашања.  Во последно време, кога се размислува и дискутира за туризмот појдовни точки претставуваат бенефициите од туризмот за стопанството, културата, општеството и животната околина, за разлика од порано кога на развојот на туризмот се гледаше само од економски аспект.Затоа ве покануваме да размениме знаења и  да развиеме дискусии за различни прашања поврзани со следниве теми: современи тенденции во туризмот; влијанија на туризмот врз општеството, економијата, културата и животната средина; дестинациски менаџмент; предизвици и практични искуства во менаџментот и маркетингот во туризмот,  менаџмент со настани; менаџмент со квалитет во туризмот;  ИКТ во туризмот; менаџмент со човечки ресурси; туристичка политика; планирање и развој на туризмот; образование во туризмот; одржлив развој; истражувања и перспективи на туризмот.

 

Одржлив развој во угостителската индустрија

Водејќи се од желбата за што подобар и поквалитетен живот, современата човекова цивилизација неизбежно се движи во правец на комплетно искористување на сите природни богатства и ресурси на планетата Земја, а со тоа и кон критичната точка на сопствениот елементарен опстанок. Согледувајќи ја таа глобална еколошка опасност, постепено почнуваат да се појавуваат и првите знаци на “освестување” кај човекот изразени преку концептот на одржливиот развој, кој се залага за целокупна заштита на природата и природните ресурси на Земјата со една единствена цел: да ја сочува планетата Земја и за идните генерации.

Одржливоста како современ тренд, но и неопходност во денешното живеење, ги опфаќа сите аспекти на човековото живеење и делување. Според тоа, концептот на одржливоста неизбежно се наметнува како основен услов и во угостителската индустрија, при што придонесува  за  зголемување на квалитетот на производите и нивото на услугите што се нудат, креирање на лојални и задоволни потрошувачи, одржување на бизнисот и создавање на високи перформанси на организацијата, како и зголемување на нејзината конкурентност на пазарот во услови на променливо деловно опкружување со истовремена заштита на животната средина.

Подтеми: Одржливоста – универзален фактор за успешен бизнис во угостителската индустрија; Одржлива конкурентна предност во угостителската индустрија; Стандарди и сертификати за одржливост; Квалитет на производите и услугите во угостителската индустрија; Стратегии за одржливост; Планирање и развој во угостителството во насока на одржливоста; Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во угостителската индустрија; Менаџирање со отпадот во угостителската индустрија; Менаџирање со водата во угостителската индустрија; Еко дизајн и одржлива архитектура во угостителството; Одржлив менаџмент во угостителската индустрија; Зелени хотели; Менија на здрава храна; “Одговорна” потрошувачка и “одговорни” потрошувачи во угостителската индустрија; Системи и стратегиии за управување со  животната средина во угостителската индустрија.

 

Осигурувањето во земјите во развој

Во последните десеттина година пазарот на Осигурување во Република Македнија од претежно во рацете на домашни компании премина во раце на поголеми странски осигурителни компании како за неживотното, така и за животното осигурување. Денес постојат 11 компании за осигурување на неживот и 4 компании за животно осигурување. Посебно е интересен развојот на животното осигурување. За очекување е во следните години да дојде до либерализација на пазарот на регулираните видови на осигурување како што е осигурувањето од одговорност од употреба на моторни возила. Слични се состојбите и во соседните држави. Овие текови имаат свое влијание и на идниот развој на осигурување, како и на моделирањето на овие текови и предвидувањето на идните текови.

 

Царината и шпедицијата и интеграциските процеси

Интегрирањето во Европските и светските трендови како и подобрување на економскиот развој бара агилна и одговорна Царинска управа и царинска политика. Царинската управа преку примена на одредени инструменти дава силна и ефективна поддршка на приватниот сектор, олеснување на трговијата, наплатата на приходите, заштита на легалната форма на трговија и стандарди за царинско работење. Денес повеќе од кога било постои потреба од борба против организираниот криминал и царинските измами преку инвестирање во напредна информатичка технологија, во вработените и усогласување на целокупното царинско работење со европската регулатива. Во таа насока Ве повикуваме да ги доставите вашите истражувања кои се однесуваат на: царината денес и утре; глобализацијата и интеграциските процеси; царинска модернизација; хармонизација на легислативи и процедури; развој на курикулуми за царина и шпедиција; предизвици во меѓународната шпедиција; царински деликти и процесуирање на царинските деликти; инструменти на трговската политика; интегративни процеси и царинската политика; регионални економски интеграции и други прашања кои се однесуваат на царинско-шпедитерската проблематика.

 

Инвестициите и финaнсиските ефекти

Инвестициите како одложена потрошувачка се основен предуслов за економски развој и за обновување и проширување на капиталните фондови на секоја национална економија. Современите услови на брз развој на науката и технологијата и на динамични промени во сите сфери на оптественото живеење уште повеќе ја наметнува потребата од брза модернизација и од инвестиции како прдуслов за нејзино остварување. Инвестициите ги активираат расположливите природни ресурси, работоспособното население, знаењето и ја подигнуваат продуктивноста и ефикасноста на производството. Потребата за инвестирање наметнува потреба и од разграничување на реалниот од финансискиот имот, а заради разбирање на вложувањето во финансиски инструменти и ефикасна диверзификација на портфолиото на стопанските субјекти. Без оглед на формата на долгорочните вложувања, потребно е нивно планирање и оценка на ефектите од вложувањето. Во таа смисла, Ве повикуваме да ги доставите Вашите истражувања кои се однесуваат на сите претходно споменати аспекти поврзани со инвестиционата активност и инвестиционата политика, а посебно на: инвестициите во функција на одржлив економскиот развој, глобалната финансиска криза и инвестициони стратегии, оценка на ефектите од инвестициите, финансиски пазари и инвестиции, меѓународни финансии.

 

ВАЖНИ ДАТУМИ:

Поднесување апсктракт: 25.04.2013

Одговор за прифатени апстракти: 10.05.2013

Поднесување на труд: 15.06.2013

Одговор за прифатени трудови: 15.08.2013

 

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПИШУВАЊЕ НА ТРУДОТ:

Инструкциите за техничка подготовка на трудовите може да се најдат на следниот линк

http://owl.english.purdue.edu/owl/resource/560/01/

Трудот мора да биде напишан на англиски јазик.

Апстрактите и трудовите се поднесуваат по електронски пат на следната EASYCHAIR адреса:

https://www.easychair.org/conferences/?conf=ftu2013

(првично треба да креирате корисничка сметка на EASYCHAIR)

 

МОЖНОСТИ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ

Само трудовите со две позитивни рецензии и платена котизација ќе бидат објавени во Зборник на трудови од конференцијата.

Трудовите мора да бидат оригинални и да не се претходно објавувани.

Еден автор може да пријави најмногу до два труда (како автор и како коавтор).

Трудовите што ќе бидат презентирани на конференцијата ќе бидат објавени и во Меѓународното списание „Хоризонти“ и ќе бидат вклучени во базата на EBSCO.

 

 

КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата се плаќа по лице и истата изнесува 200€. Котизацијата за секој коавтор кој ќе учествува на конференцијата изнесува 100€..

Котизацијата вклучува: Зборник на трудови, материјали од конференцијата, коктел, кафе паузи и свечена вечера.

 

PAYMENT INSTRUCTIONS:
 
For MK residents
Fakultet za turizam I ugostitelstvo Ohrid
Z. s-ka: 160010618178815
Prih. Konto 723019
Prog. 42
Cel na doznaka: Kotizacija za konferencija

 

 

ПРОГРАМСКИ ОДБОР

  1. Проф. Др.  Даниела Грачан   - Хрватска
  2. Проф. Др. Јан-Хенрик Нилсен -  Шведска
  3. Проф. Др. Ксенија Водеб  - Словенија
  4. Проф. Др. Лилјана Косар - Србија
  5. Проф. Др. Надиа Теума - Малта
  6. Проф. Др. Снежана Штетиќ - Србија
  7. Проф. Др. Фотис Килипирис - Грција
  8. Проф. Др.Зденко Церовиќ   -  Хрватска
  9. Проф. Др. Вања Драгичевиќ  - Србија
  10. Проф. Др. Малин Зилингер  - Шведска
  11. Проф. Др. Санда Чорак -  Хрватска
  12. Проф. Др. Сања ВлаховиќЦрна Гора
  13. Проф. Др. Хартмут Рајн - Германија
  14. Проф. Др. Маријана Ќурак – Хрватска
  15. Доц.    Др. Владимир Његомир – Србија
  16. Проф. Др. Том Аjупа – САД
  17. Проф. Др. Хермут Грундл – Германија
  18. Проф. Др. Климе Попоски – Македонија
  19. Доц.    Др. Ѓурѓица Стојановиќ – Србија
  20. Проф. Др. Ханс Михаел Волфганг – Германија
  21. Проф. Др. Ајзенштајн Бернд – Германија
  22. Проф. Др. Лазар Лазиќ - Србија
  23. Проф. Др. Томе Неновски – Македонија
  24. Проф. Др. Зоран Стојаноски – Македонија
  25. Проф. Др. Зорка Грандов – Босна и Херцеговина
  26. Проф. Др. Јорданка Алексиева – Бугарија
  27. Проф. Др. Санел Јакупович – Бања Лука
  28. Проф. Др. Евица Делова Јолевска – Македонија
  29. Проф. Др. Ирена Кикеркова – Македонија
  30. Проф. Др. Маријан Чурковиќ – Хрватска
  31. Проф. Др. Стојановиќ Жика – Србија  
  32. Проф. Др. Мартин Бош – Швајцарија
  33. Проф. Др. Стефан Нго Маи Франција
  34. Проф. Др. Кристиан Лонги Франција
  35. Проф. Др. Штефан Кирета – Словачка
  36. Проф. Др. Елизабет Инесон – Велика Британија
  37. Проф. Др. Мирослава Атанасова Раковска – Бугарија
  38. Проф. Др. Ахим Рагман - Германија

 

ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР

Проф. д-р Сашо Коруновски, претседател

Проф. д-р Цветко Андреески

Проф. д-р Лидија Симонческа

Проф. д-р Лилјана Баткоска

Проф. д-р Науме Мариноски

Проф. д-р Иванка Нестороска

Проф. д-р Јаготка Стрезовска

Проф. д-р Ангела Василевска

Доц.    д-р Снежана Дичевска

М-р Калиопи Стилиновиќ – Кривашија

 

Технички секретаријат

Проф. д-р Јаготка Стрезовска

Доц. д-р Александар Трајков

Бојан Србиноски

Елена Ќосеска

Михаел Ристески

Маја Ѓорѓиоска

Тони Коталески

 

ЈАЗИК НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Македонски и англиски јазик

Работен јазик на конференцијата: Англиски јазик

 

КОНТАКТ АДРЕСА

Факултет за туризам и угостителство

Кеј Маршал Тито 95, 6000 Охрид

Р. Македонија

Тел: + 389 46 262 147

Факс: + 389 262 147

Имејл: ftu.conference@uklo.edu.mk

Веб: www.ftu.uklo.edu.mk

   

 

 

 

 

Повик за конференција можете да најдете и тука

 

http://www.academlink.com

/events/event/10633

 

Линк за EASYCHAIR

 

https://www.easychair.org/

conferences/?conf=ftu2013

 

 

 

ПРОГРАМА ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА